Најновиот телефон на LG ќе има 16 камери?!

- Advertisement -

Напредокот кој го направија технолошките компании со камерите на паметните телефони последните години е фантастичен – подобра оптика, повеќе камери, но и напреден софтвер кои овозможуваат снимање кога нема доволно oсветлување, оптичко зумирање, фотографирање портрети со заматена позадина и сл.

Бројот на камери на телефоните постојано расте, па така според многумина еден од најмоќните телефони денес, Huawei Mate 20 Pro, на задната страна има три камери, но тој број воопшто не изгледа голем ако го споредиме со потенцијалниот телефон на LG, кој би требало да има дури 16 камери.

- Advertisement -

Треба да напоменеме дека уште нема никакви информации дека јужнокорејската компанија моментално работи на тој телефон, но LG навистина патентираше систем со 16 леќи на задната страна од телефонот. Толкав број камери треба да овозможи правење фотографии со помалку несакани елементи затоа што софтверот ќе може да ги споредува фотографиите и да ги отстрани несовршеностите. Исто така, поврзувајќи ги фотографиите направени од различните камери ќе може да се гледаат од различни перспективи.

Уште еден новитет кој се споменува во патентот се подвиќни фотографии. Оваа опција не е конкретно објаснета, но се споменува дека таквите фотографии ќе се прават со поврзување на фотографиите од повеќе камери за да изгледа дека се движи.

- Advertisement -

Интересен момент е што верјатно телефонот на задната страна ќе има огледало, што ќе биде идеално за сите љубители на селфи фотографии кои ќе може да прават автопортрети со дури 16 камери.

Сподели!
- Advertisement -