Хотел на Бали забрани користење телефони и компјутери покрај базен

- Advertisement -

Живееме во време кога се што правиме мора да го споделиме на социјалните мрежи – излегување во ноќен клуб, вечера, гледање филм во кино или одење на излет. Сите тие работи како да не се ни случиле ако не се проследени со некое селфи, објава на Facebook или на Instagram. Слично е и со патувањата во странство. Некои истражувања дури покажуваат дека голем дел од луѓето избираат дестинации кои се најпопуларни на Instagram или се добри за фотографирање за да добијат што повеќе допаѓања на фотографиите.

Поради таквата опседнатост со селфи и фотографирање, како и поради фактот дека дел од луѓето мора веднаш на лице место да ги објават тие фотографии, да напишат некој коментар, хаштаг и слично честопати се заборава на одморот, уживањето и препуштањето на моментите затоа што по објавата следува константно проверување кој ставил like, кој коментирал, кој одговорил на коментар и слично.

- Advertisement -

На ваквата пракса одлучи да и стави крај хотелскиот комплекс Ayana Resort & Spa на Бали. Тие одлучија крај базените да забранат користење на телефон, таблет, компјутер, па дури и дигитални камери од 9 до 17 часот. Ако луѓето сами не сакаат да се одморат и да се опуштат, па и покрај базен „висат“ на Интернет, тогаш на тоа ќе ги принудат хотелските правила.

Овој хотел ја стартуваше кампањата „In the moment”, чија цел е да ги потсети луѓето кои се и да им укаже на важноста на меѓучовечката комуникација, но и на времето кое ни е потребно за самите себе, без мобилен телефон, социјални мрежи и имејлови. Хотелот постави и посебни безбедносни шкафчиња во кои може да се стават уредите, а на гостите на располагање им се офлајн игри од типот на шах, карти, судоку и сл.

Сподели!
- Advertisement -