Пишувањето пораки на телефон е извор на стрес за секој трет човек

- Advertisement -

Секој трет човек денес смета дека секојдневното пишување пораки на мобилен телефон му предизвикува стрес, а на секој петти човек му е толку стресно да пишува пораки што едвај успева да одговори на нив. Според истражувањето, секој деветти човек се справува со пораките така што целосно ги игнорира.

Има и некои однесувања врзани за пишувањето пораки кои се неприфатливи. Она што најмногу ги нервира луѓето е кога соговорникот исчезнува среде разговор, додека лошата граматика и преголемиот број емотикот исто така знае да нервира, како и луѓето кои испраќаат повеќе пораки наместо една.

- Advertisement -

Само еден од седуммина луѓе смета дека е во ред да се препирате преку пораки. Она што е најинтересн податок на истражувањето е дека миленијалците сметаат дека пишувањето пораки е постресно отколку што мислат нивните родители. Други истражувања, пак, покажуваат дека поголема е веројатноста тинејџерите да паднат во депресија ако поминуваат повеќе од два часа онлајн дневно.

Но, решението никако не е ограничување на употребата на паметен телефон бидејќи тинејџерите кои воопшто не користат Интернет се понесреќни од оние кои се онлајн максимум два часа дневно.

- Advertisement -

Texting is a daily source of stress for 1 in 3 people

Anti-social anxiety. Read more: https://wef.ch/2PXqvc8

Posted by World Economic Forum on Среда, 28 ноември 2018

Сподели!
- Advertisement -