ŠKODA повторно ја одбрани WRC 2 титулата

- Advertisement -

На годишната прес конференција на ŠKODA Motorsport во Прага се прослави освојувањето на WRC 2 шампионатот за возачи, како и за совозачи трет пат по ред, и освојувањето на WRC 2 Тимскиот шампионат за четврта година по ред. Возачите на ŠKODA, Јан Копески, Понтус Тидеманд и Кале Рованпера, ги зазедоа првите три места во финалето на WRC 2, одбележувајќи ја 2018 година како најупешната година во историјата на ŠKODA Motorsport.

Но, ŠKODA тимот не собра победи и титули само на Светското рели првенство на ФИА. Приказната за успехот на чешкиот бренд се рашири низ целиот свет. Собирајќи победи во сите пет натпреварувања, еден тим доминираше во азиско-пацифичкото рели првенство ФИА 2018 (APRC) со возачот Јуја Сумијама и навигаторот Такаширо Јасуи од Јапонија. Достигнувањата на нивниот тим „Куско“ продолжи успешно, а поддржувачките тимови на ŠKODA Motorsport славеа и изминатите години во азиско-пацифистичкиот регион. Со атмосферскиот ŠKODA FABIA S2000, од 2012 до 2014 година ŠKODA го постигна APRC хет-трикот, а следните години чешкиот бренд додаде четири титули по ред со турбо моторот на ŠKODA FABIA R5.

- Advertisement -

Манвир Синг Барјан и Дру Стурок го освоија Азиското рели првенство ФИА.

По освојувањето на Јужноамериканското рели првенство на ФИА во 2013, 2016 и 2017 година, ŠKODA тимот составен од Густаво Саба и Фернандо Мусано беа повторно најуспешни. Покрај нивните три победи, тие се искачија и на првото место во CODASUR категоријата на Светското Рели Првенство ФИА во Аргентина.

- Advertisement -

Во Европското рели првенство на ФИА, трите најдобри позиции од категоријата за возачи до 28 години, беа освоени од возачите на ŠKODA FABIA R5, а за успехот да биде комплетен, 17 национални првенства беа освоени исто така од тимовите на ŠKODA.

- Advertisement -

Преглед на титули и првенства освоени од тимовите ŠKODA во 2018 година:

Светско рели првенство ФИА (WRC 2)

  • ФИА WRC 2 шампионат за возач и совозач: Јан Копески и Павел Дреслер (CZE / CZE)
  • ФИА WRC 2 тимски шампионат: ŠKODA Motorsport

Азиско-пацифичко рели првенство ФИА (APRC)

  • Шампионат за возач и совозач: Јуја Сумијама и Такаширо Јасуи (JPN/JPN)
  • APRC куп за производители: ŠKODA
  • APRC тимска награда: тим Куско

Јужноамериканско рели првенство ФИА (CODASUR)

  • Шампионат за возач и совозач: Густаво Саба и Фернандо Мусано (PRY/ARG)

Африканско рели првенство ФИА (ARC)

  • Шампионат за возач и созач: Манвир Синг Барјан и Дру Стурок (KEN/GB)
  • Куп на ARC производител: ŠKODA

Европско рели првенство ФИА, У28 категорија (ERC)

  • Шампионат за возач и совозач: Николај Грјазин и Јарослав Федоров (RUS/RUS)
Сподели!
- Advertisement -