Лукаревска: Наплатата на даноци е одлична, 2019 ќе биде економска година

- Advertisement -

Првиот човек на УЈП, во интервју за Радио Слободна Европа уверува дека се е подготвено за непречено одвивање на прогресивното оданочување, кое ќе опфати 38.000 лица во земјава

Наплатата на даноци е одлична, 2019 ќе биде економска година, вели директорката на Управата за јавни приходи Сања Лукаревса во интервју за Радио Слободна Европа. Првиот човек на УЈП, уверува дека се е подготвено за непречено одвивање на прогресивното оданочување, кое ќе опфати 38 000 лица во земјава. Лукаревска оценува дека оваа реформа е праведна и дека ќе придонесе за намалување на сивата економија.

“Mожам да кажам дека наплатата како една основна работна задача на Управата, оди одлично. Нашата основна цел е да го полниме буџетот и мислам дека сега за сега тоа совршено добро го правиме. Податоците коишто ги имаме за оваа година и ги споредуваме со претходната година, покажуваат дека секаде имаме надминување на планот и на наплатата и со тоа повторно се потврдува фактот на економскиот тим дека 2019 година со гаранција може да ја сметаме за економска година. Во повеќе сектори има одредени придвижувања. Големите даночни обврзници ,исто така, се голем стожер во остварената успешна наплата, редовно го враќаме повратот, тие се предизвиците од сето ова. Динамиката од оваа успешна наплата треба да ја одржиме така до крајот на годината и тоа да ни биде предуслов за една успешна 2019 година којашто следува” вели Лукаревска.
Сподели!
- Advertisement -