Објавен вториот јавен повик за купување државно земјоделско земјиште под оранжерии

- Advertisement -

Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство го објави вториот јавен повик за доставување понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошни објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата.

Право на учество на јавниот повик имаат физички лица и правни лица кои во катастарот на недвижности се запишани како сопственици на оранжеријата и помошните објекти кои се во функција на оранжеријата, односно на објектите во стопанскиот двор.

- Advertisement -

Со овој јавен повик сопствениците на оранжерии ќе имаат можност да го купат земјиштето на кое се наоѓа оранжеријата, а кое во моментов е во државна сопственост. Со стекнувањето на имотни листови, сопствениците на оранжерии ќе имаат можност за нови инвестиции во објектите, за подигнување на кредити за реновирање и модернизација на објектите, но и ќе  остварат право за аплицирање за мерките од европската ИПАРД програма. Можноста која што им се отвора за нови инвестиции крајно ќе влијае врз обемот и квалитетот на производството, информираат од МЗШВ.

Рокот за поднесување на понуди за интерес за купување на земјоделско земјиште во државна сопственост под оранжерија и помошните објекти во функција на оранжеријата, односно на стопанскиот двор во функција на оранжеријата е во времетраење од 60 дена сметано од денот на објавувањето на јавниот повик во дневните весници, а се доставуваат до писарницата на Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Скопје. Конкретно рокот за поднесување на понудите е до 27-ми декември.

- Advertisement -

МЗШВ укажува сите заинтересирани да достават комплетна документација и да го запазат рокот за доставување, со цел побрзо да се склучат договорите.

Линк до јавниот повик: http://www.mzsv.gov.mk/Events.aspx?IdRoot=1&IdLanguage=1&News=261.

Сподели!
- Advertisement -