Холандскиот град Ајндховен со ароматерапија од портокал ќе ги спречува жителите да не се тепаат

- Advertisement -

Дали слаткиот мирис на портокали може да спречи тепачка? На улицата Стратумзајнд во холандскиот град Ајндховен, која е позната по бурниот ноќен живот и безбројните тепачки, уличните светилки и светилките на балконите ќе емитуваат ароматерапија за да ги спречат препирките меѓу луѓето. По еден експеримент кој покажал дека аромата на цитруси им помогнала на притворените во полициски станици да се смират, Ајндховен го тестира истото на улицата каде што годишно се случуваат дури 400 тепачки.

Следен пат кога ќе прошетате по улицата Стратумзајнд веројатно воздухот ќе ви мириса на портокали, кои научно е докажано дека имаат смирувачки ефекти. Мирисот на портокали, наводно, треба да го спречи агресивното однесување кај луѓето додека уживаат во бурниот ноќен живот. Но, не само ароматерапијата со портокали, на истата улица во Ајндховен се тестираат и посебни експерименти со боја и светлина за да се видат различните ефекти, што значи дека оваа холандска улица ќе биде вистинска жива лабораторија.

Сподели!
- Advertisement -