Комерцијална банка ја претстави апликацијата мБанкаКо за фирми

- Advertisement -

Комерцијална банка ја претстави мобилната апликација за правни лица, мБанкаКо, бесплатна апликација за мобилни телефони и за таблети која овозможува сигурен, брз и едноставен 24-часовен пристап до дел од најкористените услуги на Интернет банка за правни лица.

Покрај оваа новина ќе бидат претставени и новите можности кои ги нуди услугата Интернет банка за правни лица, како и мобилната апликација KomPay.

- Advertisement -

Мобилната апликација мБанкаКо користи најсовремени решенија кои истовремено нудат и најудобно и наједноставно користење на банкарските услуги преку user-friendly кориснички интерфејс и највисоко ниво на сигурност за клиентит со вградени контроли кои овозможуваат проверка на внесените податоци. Заради поголема сигурност на корисниците, апликацијата има вградени максимални лимити за дневен и месечен промет дефинирани од Банката.

Во мобилната апликација мБанкаКо во целост се пренесени авторизациите од постојната Интернет банка за правни лица (прегледувач, внесувач, потписник, испраќач) и е овозможена комбинација на улогите. мБанкаКо овозможува увид во состојбата, промените и во изводот на сметките (денарска и девизна трансакциска сметка), пренос на средства од денарската трансакциска сметка кон други сметки во платниот промет во земјата, продажба на девизи од девизна трансакциска сметка, пристап до информации за деловните картички и можност за администрирање на дневни и периодични лимити на деловните картички и прием на нотификации за прилив/одлив од денарската трансакциска сметка, деловните картички и од девизните сметки, со можност за поставување минимални износи за добивање нотификации.

- Advertisement -

 

Сподели!
- Advertisement -