Минатиот петок стапија во сила новите контролни мерки за емисијата на штетни гасови од возилата во Мадрид. Тоа резултираше со намалување на сообраќајот во некои делови од градот за 32%. Новите правила вклучуваат строги забрани кои возила можат да влезат до центарот на градот. Планот е познат како Madrid Central и е обид да се намали нивото на азот диоксид во градот, кое од 2010 година наваму ги надминува дозволените лимити на Европската унија и се смета за причина за околу 3.000 прерани смртни случаи годишно.
Точното намалување на сообраќајот варира од област до област. На пример, во областа Сан Бернардо има намалување од само 5%, додека во Гран Виа има највисоко намалување од 31,8%. Ова намалување е добро и за јавниот транспорт – брзината на автобусите на еден oд автопатите се зголемила за 14%.
Забраната се однесува на различни возила во зависност од типот на гориво што го трошат, годината на производство и како се користат. Бензинците и дизелашите регистрирани пред 2006 година ќе бидат забранети, додека хибридните возила ќе можат да влезат во центарот и да се паркираат најмногу два часа.
Сепак, жителите на контролираните региони нема да бидат засегнати од забраната. Такси возилата кои трошат бензин и нафта ќе можат да возат во центарот до 2022 година. Електричните возила, кои немаат никаква штетна емисија на гасови, кои ги возат луѓе што не се жители на областа слободно ќе можат да сообраќаат. Новите правила веројатно ќе се однесуваат на околу 20% од возилата кои моментално влегуваат во центарот на градот.