Стартап компанија во Њујорк вработува само баби

- Advertisement -

Тригодишниот стартап Wooln, со седиште во Њујорк, вработува баби и само баби за рачно плетење на капите, шаловите, ќебињата и другите производи кои ги нуди компанијата. Wooln моментално соработува со девет постари жени. Капите кои ги плетат тие и се заштитен знак на компанијата се продаваат по неверојатна цена од 145, а бабите добиваат 30% од големопродажната цена, односно половина од она што го плаќаат купувачите. Освен тоа што може да се купат онлајн, производите на Wooln се продаваат и во пет синџири продавници. Фостин Бадрихани и Марго Русо, основачите на стартапот, очекуваат тој број да се дуплира оваа зима.

- Advertisement -

Двете претприемачки имаат едноставен тест за бабите кои им испраќаат фотографии од тоа што го плетеле. Има даваат да им направат еден едноставен предмет и тоа е доволно за да знаат дали ги бидува или не. Ени Гантер, баба на пет внуци, која го исполнува правилото да е постара од 60, а помлада од 90 години, плете за Wooln, но истовремено им помага со бизнисот. Таа успеала да им обезбеди договор за продажба на производите во Cutchogue, Phoebe & Belle итн.

Сподели!
- Advertisement -