ВИДЕО: НАСА објави снимка – слушнете како звучи Марс!

- Advertisement -

По фотографиите од површината на Марс, каде што пред десетина дена успешно слета сондата InSight, НАСА ја објави и првата аудиоснимка од Црвената планета. На снимката може да се слушнат ветриштата од Марс.

Д-р Давор Манце од Сплит, кој е дел од тимот задолжен за електрониката на InSight, во разговор за Zimo изјави дека на локацијата каде што се наоѓа сондата моментално е зима и има многу ветар.

- Advertisement -

„Интересно е да се напомене дека поради потенката атмосфера на Марс измерениот ветар од 10 м/с се чувствува како 3 м/с, како лесен ветар”, вели Манце.

Сподели!
- Advertisement -