Наскоро во продажба смартфони со камера од 48 мегапиксели

- Advertisement -

Sony и Samsung најавија вградување подобрени камери од 48 мегапиксели во соите паметни телефони, кои наскоро би требало да се најдат во продажба, а веќе полека почнуваат да објавуваат детали и други компании за првите уреди кои ќе имаат вградени појаки камери.

Компанијата Honor неодамна го најави телефонот View 20, кој ќе го користи сензорот IMX586 на Sony и процесорот Кrin 980 на Huawei и истиот дизајн на селфи фотоапарат како што ќе има Nova 4 телефонот на Huawei, кој ќе биде објавен идната недела. View 20 премиерно ќе биде претставен на 22 јануари во Париз, додека кинеската варојатна ќе пристигне на 26 декември.

- Advertisement -

Во меѓувреме Xiaomi исто така најави пуштање во продажба на телефон со камера од 48 мегапиксели во текот на наредните месеци. Лин Бин, директорот на компанијата, на официјалната страница објави фотографија од уредот со фокус на камерата од 48 мегапиксели.

Од Samsung и Sony во изминатиот период исто така објавуваа детали за нивните сензори, односно најавуваа дека тие ќе имаат 0,8 микормилиметарски пиксели и дека физички ќе бидат поголеми од најголем дел од конкурентите – од 2,5 до 4 сантиметри.

Сподели!
- Advertisement -