19 C
Skopje
понеделник, јуни 1, 2020

Италијанската метропола на модата, Милано, ќе засади 3 милиони дрвја до 2030 година

Kabtel desktop

Главниот град на модата, Милано планира да засади 3 милиони дрвја до 2030 година. Градот ќе сади дрвја на 10 милиони квадратни метри на сите рамни покриви во градот, а една железница која не се користи ќе ја претвори во седум паркови и ќе посади дрвја во дворовите на 2.300 училишта.

Програмата има за цел да ја зголеми покриеноста на Милано со зеленило за 30%, да се подобри квалитетот на воздухот и да се намалат ефектите од климатските промени. Милано веќе вертикална шума, односно зграда покриена со зеленило.

Планот за зголемување на зеленилото има за цел да се исчистат дополнителни 5 милиони тони јаглерод диоксид годишно, да се намали концентрацијата на РМ10 честичките и гасовите за 3.000 тони за период од 10 години и да се намалат температурите во градот за 2 степени Целзиусови.

Italy’s fashion capital Milan wants to plant 3 million trees by 2030

Building an urban jungle. Learn more about cities planting trees: https://wef.ch/2RyBXHU

Posted by World Economic Forum on Понеделник, 10 декември 2018

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •