Лозовата ракија „Ж’та стрела“ на „Имако Вино“ од Штип е прогласена за шамион за квалитет во Хрватска

- Advertisement -

Лозовата ракија „Ж’та стрела“ на „Имако Вино“ од Штип е прогласена за шамион за квалитет на четвртото меѓународно оценување на квалитет на јаки аклохолни пијалоци кое на 9 декември во Загреб го организираше Стопанското здружение на производители на пијалоци на Хрватска  (ISCRO 2018)

Во конкуренција беа производители на жестоки алкохолни пијалоци од девет земји, кои ги промовираа високите стандарди за квалитет на своите производи. Оценувањето на пијалоците беше на слепо според критериумите на Меѓународната организација за виноградинарство и винарство (OIV) со што се обезбеди објективност и споредливост со светските оценувања. Во жирито на овој меѓународен натпревар беа пет врвни, сертифицирани оценувачи.

Во конкуренција на 89 пијалоци, лозовата ракија „Ж’та стрела“ на „Имако Вино“ беше прогласена за шампион во квалитет. Оваа титула се доделува само на еден пијалок, а годинава со таа титула се закити македонски производ.

- Advertisement -

На доделувањето на  наградите, Александар Рунчев од „Имако Вино“ кажа дека дестилеријата има капацитет за дневно производство на 12 до 15 илјади шишиња жестоки алкохолни пијалоци . Најголем дел од нив се пласираат на домашниот пазар, а дел во Кина и ЕУ.

- Advertisement -

Годинава на оценување пристигнаа 89 примероци во осум категории од девет земји, е што е речиси 50% повеќе во однос на минатата година. За првпат на ISCRO учествуваа производители од Украина, Чешка и Полска. Беа доделени 21 златна, 34 сребрени и и 16 бронзени награди.

 

Сподели!
- Advertisement -