Ќе се формира Агенција за квалитет во високото образование

- Advertisement -

Владата ја усвои информацијата за отпочнување на постапката за формирање на Агенција за квалитетот во високото образование

Најдоцна до 20 февруари 2019 година, од редот на професорите во работен однос на јавните универзитети во Република Македонија, Комисијата за именување на Владата треба да именува по шест членови во одборот за акредитација и во одборот за евалуација на високото образование, се наведува во соопштението од владината прес-служба

-По исто толку членови во двата одбори, до 20-ти овој месец, треба да именува и интеруниверзитетската конференција. Владата и укажува на Интеруниверзитетската конференција да избере по еден член од редот на студентите во Одборот за акредитација и во Одборот за евалуација на високото образование. По еден член во одборите имаат право да именуваат МАНУ и Организацијата на работодавачи на Македонија – се додава во соопштението.

Сподели!
- Advertisement -