Сите полудеа по дијамантскиот авион на Emirates

- Advertisement -

Интернетот полуде откако авиокомпанијата Emirates објави фотографија од авион целиот украсен со дијаманти и кристали. „Блинг 777“, варијација на името на „боинг 777“, е фотографиран  близу возила за багаж и автобуси. Нема ништо друго посебно на оваа фтографија освен изгледот на авионот, кој маѓепсува.

Еден авион „боинг 777“ е долг  63,7 или 73,9 метри, во зависност од моделот, што значи дека се потребни многу скапоцени камења за целосно да се украси. Не е ни чудо што луѓето на Twitter имаа лавина од реакции на постот на United Arab Emirates. Многумина беа загрижени како ќе може да лета со сета дополнителна тежина, додека најголем дел се одушевуваа. Сепак, на крајот се покажа дека ова ремек дело е само резултат на добри Photoshop вештини.

Сподели!
- Advertisement -