Папата Франциск има навистина набиена интернационална агенда за 2019 година, а сега од Римокатоличката црква потврдија дека нивниот поглавар на тие свои патувања ги додал и Македонија и Бугарија.
На почетокот на 2019 година тој стартува со патувања и посети. Најпрвин од 23 до 27 јануари ќе ја посети Панама, потоа од 3 до 5 февруари ќе престојува во Обединетите Арапски Емирати и од 30 до 31 март ќе биде во Мароко.
Посетата на Бугарија следува веднаш потоа, од 5 до 7 мај, каде што ќе ги посети градовите Софија и Раковски. На 7 мај е најавена неговата посета во Македонија, односно во Скопје. Од Ватикан истакнаа дека конкретните детали за патувањето ќе бидат познати како што се наближува датумот за патување.
Папата Франциск ќе биде првиот папа кој ја посетил Македонија.