Зоолошката градина во Скопје ќе добие „Џурасик парк“ со 50 диносауруси

- Advertisement -

Напролет во скопската Зоолошка градина, ќе стартува изградбата на „Џурасик парк“ со 50 диносауруси во природна големина, информираат од скопската Зоолошка градина

Идејата за еден ваков парк потекнува од пред неколку месеци. Се надеваме дека доколку сè биде според нашите очекувања, напролет и официјално ќе стартува изградбата на овој парк, во кој ќе бидат поставени диносаурусите, кои е предвидено да бидат во природна големина. Очекуваме тие да станат атракција за сите посетители на ЗОО, без разлика на возраста. Диносаурусите првенствено ќе служат за едукација, но со нив посетителите ќе можат и да се фотографираат, изјави за медиумите Тина Мицковска од скопската Зоолошка Градина.

Од ЗОО Скопје, информираат дека во моментов се бараат спонзори за реализација на проектот, како и одобрување за негова реализација од страна на Град Скопје.

- Advertisement -

– Местото каде што ќе бидат поставени овие диносауруси за коишто се надеваме дека ќе бидат нова атракција во Скопје, ќе биде во близина на сегашното живеалиште на коњите – објаснува Мицковска.

Сепак, на колкав простор ќе биде подигнат новиот „Џурасик парк“, сè уште не конкретизираат од ЗОО Скопје.

Сподели!
- Advertisement -