Ракетата за вселенски туризам на Ричард Бренсон го направи првиот лет до работ на вселената

- Advertisement -

Virgin Galactic по прв пат леташе до работ на вселената. Ова е историски момент и неверојатно достигнување за Ричард Бренсон, кој се труди да ја освои вселената. Леталото SpaceShipTwo стигна до границата од над 80 км над Земјата на својот пробен лет од пустината Мохаве.

„Денес за прв пат во историјата на човештвото вселенско летало со приватни патници, туристи, стигна до вселената. Денес го остваривме првиот лет и покажавме дека Virgin Galactic навистина може да ја доближи вселената до луѓето. Ова е монументален ден и не можам да бидам погорд на моите тимови, кои отворија едно ново поглавје во истражувањето на вселената“, изјави основачот на Virgin Galactic, Ричард Бренсон.

- Advertisement -

Во текот на еден час по полетувањето тандем леталата SpaceShipTwо и SpaceShipOne се искачуваа повисоко и повисоко, а се разделија на околу 15 км над површината. За помалку од една минута SpaceShipTw достигна брзина од 2.9 маха, односно 2.9 побрзо од брзината на звукот.

Сподели!
- Advertisement -