Ова е футуристички целосно електричен автомобил кој може да полетува и да слетува вертикално како хеликоптер со фиксни крила. Персоналниот летачки автомобил Blackfly на компанијата Opener е возило со нула емисија на штетни гасови и зелена алтернатива за копнениот транспорт.
Возилото е наменето за еден патник. Blackfly има опција за внесување на крајната дестинација, балистички падобран и автоматско слетување. Според најавите, возилото веројатно ќе чини колку и едно теренско возило.
Од Opener велат дека ќе почнат со продажба идната година. За да управувате со Blackfly во САД нема да има потреба од пилотска дозвола, но од Opener бараат секој што ќе сака да ги вози нивните возила да го помине приватниот пишат тест за пилоти на Федералната администрација за авијација.
This flying car can be on sale in 2019 for the price of an SUV.
Posted by Startup Selfie on Сабота, 15 декември 2018