Дедо Мраз ќе добие ребрендирање – можеби и ќе го смени полот

- Advertisement -

Дедо Мраз сите го замислуваме како постар маж со бела брада. Тоа е така со децении. Но, едно ново испитување покажува дека постои и приличен број луѓе кои мислат дека Дедо Мраз треба да доживее ребрендирање и да стане женско или целосно неутрален лик, пишува Independent.

Компанијата која се занимава со дизајнирање логоа GraphicSprings направи испитување за тоа како Дедпо Мраз ви морал да добие помодерен и посовремен изглед. Во испитувањето учествувале луѓе од САД и од Велика Британија. Се покажало дека идеалниот и модерен Дедо Мраз има тетоважа, средена и скратена брада, носи фармерки, патики и ховерборд наместо санка, а многумина го замислуваат и како метросексуалец. Околу 27% од испитаниците го замислуваат Дедо Мраз како жена или родово неутрален лик.

- Advertisement -

Речиси 11% од испитаниците сметаат дека Дедо Мраз треба да биде женско, а 17% веруваат дека треба да биде родово неутрален, додека остатокот го замислуваат како маж.

Сподели!
- Advertisement -