Нова технологија ја намалува потрошувачката на бензинците и дизелашите за 30%

- Advertisement -

Општиот впечаток е дека им се избројани  деновите на моторите со внатрешно согорување. Многу компании сепак се трудат оваа погонска технологија да ја одржат што подолгo во живот, а германскиот стартап Micro Wave Ignition AG верува дека го има решението кое на бензинците и дизелашите значително ќе им го продолжи животниот век со задоволување на еколошките стандарди.

Технологијата на MWI, наводно, на модерните бензинци и дизелаши ќе им ја намали потрошувачката за околу 30%, а емисијата на штетни гасови ќе ја намали за дури 80%. Решението е, како што велат, во пулсирачки микробранови кои наместо свеќиците и грејачите служат за палење на смесата кај бензинците, односно дизелашите.

- Advertisement -

Намалената потрошувачка на гориво и намалената емисија на штетни гасови се постигнува со значително намалена температура на согорување, тврди германскиот стартап. Дека овој технолошки напредок држи вода, односно каде што има чад има и оган докажува сопственичката структура на MWI. Еден од партнерите во групата инвеститори кои држат 20% од MWI е и поранешниот прв човек на Porsche, Венделин Видекинг.

Компанијата од Емпфинген моментално бара купувачи и партнери кои ако е функционална нивната технологија, сигурно ќе ги има во изобилство.

Сподели!
- Advertisement -