Прехранбената компанија Kelloggs ќе прави пиво од отпадоци од корнфлејкс

- Advertisement -

Во Америка многумина го почнуваат денот со Kelloggs и некој од многуте производи на оваа американска мултинационална прехранбена компанија. Со цел да се минимизира штетното влијание на компанијата врз животната средина, таа склучи партнерство со британската пиварница Seven Bro7hers и ќе прави пиво од отпадоци од производниот процес на корнфлејксот.

Пиварницата Brewery, локална пиварница од Манчестер, веќе го претстави пивото Throw Away IPA, во кое 30% од житарките доаѓаат од отпадоци од корнфлејкс. Освен што ќе се користи храна која инаку би се фрлила, за секоја продадена лименка тие ќе донираат по 0,1 фунта на хуманитарната организација FareShare, која не само што го намалува отпадот со Велика Британија, туку помага да се нахранат гладните и бездомните луѓе со храна која инаку би се фрлила.

- Advertisement -

Отпадот од храна е голем проблем на глобално ниво. Во Велика Британија се проценува дека 1,9 милиони тони употреблива храна завршува на отпад. Токму тој број сака да го намали Kelloggs со оваа своја иницијатива.

„Kelloggs секогаш истражува поинакви и одржливи начини за намалување на отпадот од фабриките. Одлично е што сме вклучени во ваква иницијатива со локална компанија. Kelloggs работи на елиминирање на отпадот од храна во свите производни процеси и на консументите им дава производи со кои има минимално штетно влијание врз околината“ велат од американската компанија.

- Advertisement -

Kelloggs и пиварницата Seven Bro7hers имаат големи планови за во иднина. Тие планираат да лансираат дури три пива направени од отпадна храна.

Сподели!
- Advertisement -