Ученици од гимназијата „Орце Николов“ сакаат да ја искористат енергијата од зависноста на младите од социјалните медиуми

- Advertisement -

Динамично дуо сака да ја искористи енергијата од зависноста на младите од социјалните медиуми
Иван и Стефан, средношколци од Орце Николов во Скопје одлучија да ја искористат зависноста на младите паметни уреди и социјални медиуми за да ги инспирираат да бидат поактивни и посвесни за ресурсите во нивната околина. Како што е објавено на официјалниот сајт на УНИЦЕФ во Македонија ,  Иван и Стефан, двајца ученици во гимназијата „Орце Николов“ во Скопје одлучија да ја искористат зависноста кај младите луѓе од паметни телефони и социјални медиуми за да ги инспирираат да станат физички поактивни и посвесни за употребата на ресурсите во нивната средина. Нивниот план да се употребува динамо технологија, која младите луѓе ќе ја користат за да ги полнат своите паметни телефони, беше избран меѓу петте идеи кои добија финансиска поддршка во рамки на правата UPSHIFT програма во земјата.

Сабота навечер, кога повеќето тинејџери се спремаат за излегување, двајцата средношколци од Скопје, Иван и Стефан, беа задлабочени во идејата како подобро да го користат слободното време. Загледани во своите паметни телефони, Иван наеднаш се присети на повикот за UPSHIFT кој го имаше видено пред неколку дена. Размислувајќи за преголемото влијание на паметните телефони и социјални медиуми на животот на тинејџерите, се роди идејата како да се инспирираат младите луѓе да станат физички поактивни. За кратко време го спакуваа она што го сметаа за своја „луда идеја” во предлог проект и го испратија без никакви очекувања дека ќе бидат избрани за работилницата UPSHIFT и дека воопшто би добиле финансиска поддршка за да тоа стане реалност.

- Advertisement -

„Сѐ уште не ни се верува дека бевме избрани”, кажуваат двајцата.

Само се обидувавме да најдеме нешто интересно во слободното време, без да бидеме потполно свесни за иронијата дека и ние самите премногу време поминуваме на социјалните медиуми или пред екраните на паметните телефони. Но, тоа е реалност за повеќето тинејџери и од оваа гледна точка, не можевме да смислиме подобар начин да ги мотивираме нашите врсници да бидат физички поактивни”, објаснува Стефан.

- Advertisement -

Нивниот план е да се користи динамо, кое ќе се постави на фиксиран велосипед и со вртење на педалите да се генерира електрична струја за полнење на паметните телефони. Идејата е такви станици за полнење да се постават на популарни места каде се собираат младите луѓе.

„Добивме многу поддршка од нашите пријатели и семејства. Но, имаше и некои кои мислеа дека идејата е „глупава““, вели Иван. „Меѓутоа, на младите луѓе несомнено им треба поголема физичка активност и ние сме силно убедени дека тоа е добар начин да им се отворат очите за потребата попаметно да ги користиме ресурсите”.

- Advertisement -

Кога ќе увидат колку напор треба за да се наполни батерија на паметен телефон, сигурен сум дека многу млади луѓе повеќе ќе ценат како се троши струја и како тоа го земаат здраво за готово”, додава Стефан.

Стефан и Иван беа дел од десетте тима кои беа избрани да учествуваат на првата работилница за UPSHIFT во земјата, организирана од CEED Hub Скопје, со поддршка на Министерството за образование, Бирото за развој на образование, Фондот за иновации и технолошки развој и УНИЦЕФ. Тие беа еден од петте тима кои беа избрани да добијат финансиска поддршка за нивната идеја.

Заедно со нивните ментори, тие имаа можност да ја продлабочат идејата за време на работилницата и сега ќе работат на првиот прототип кој наскоро ќе стане реалност.

„Никогаш не сме направиле нешто дури и малку слично на ова. Чувството да се биде иновативен е извонредно, како и можноста да се направи промена во општеството,” велат тие.

На прашањето дали нивното искуство ќе ги мотивира нивните пријатели да станат поактивни и да придонесуваат за општеството, Стефан и Иван кажуваат дека „нема многу млади луѓе кои се волни да поттикнат позитивни промени во општеството, но, голем број од нив ќе ги следат позитивните примери”.

UPSHIFT е програма која има за цел да се поддржат млади луѓе да станат социјални иноватори и претприемачи. Тоа е комбинација од работилници за социјални иновации, каде младите луѓе учат нови вештини по пат на менторство и финансиска поддршка. Тие ги откриваат проблемите во заедницата, изнаоѓаат иновативни решенија за нив и добиваат поддршка за да нивната идеја стане реалност. Тоа ја поттикнува нивната резилиентност, креативност и самодоверба, а заедниците се развиваат благодарение на решенијата кои тие ги креираат.

Извор – www.unicef.org

Сподели!
- Advertisement -