Присутноста на странските брендови на македонскиот пазар зборува за нивната силна глобална позиционираност, но фактот што тие се произведуваат точно во Македонија говори дека земјава може да произведе висок квалитет. Тоа ја става Македонија на мапата на земји доволно квалификувани и екипирани за создавање производи коишто се присутни и се продаваат на странските пазари.
Марлборо, Кока Кола, Пепси, Амстел, се едни од најсилните светски познати брендови коишто се произведуваат во Македонија. Токму овие производи се синоним за квалитет, за стандарди, за традиција, искуство, знаење и технологија. Врз основа на овие карактеристики тие ја изградиле својата доверба меѓу потрошувачите низ целиот свет, независно од пазарот, менталитетот и потрошувачките навики и заради тоа, компаниите не така лесно одлучуваат каде и кој ќе ги произведува нивните производи и ќе ги зачува истите карактеристики. Производството на овие производи и глобално распространети брендови подлежи на исполнување детални квалификации и услови, во однос на капацитети, производствена технологија и опрема, знаење, човечки ресурси. Се бара исполнување на стандарди, сертификати и модерна технологија а македонските компании се повеќе ги исполнуваат овие услови, дали преку сопствено инвестирање или преку стратешко партнерство.
Најновиот таков е пример е производството на Marlboro од страна на Тутунски комбинат Прилеп а како резултат на стратешкото партнерство со Philip Morris International – PMI. Сега Marlboro Core 7.0 се произведува во ТКП и се достапни на македонскиот пазар. Прилепската фабрика со модернизацијата овозможена од Philip Morris International, ги исполнува високите критериуми и се квалификува за производство на цигарите на гигантот во тутунската индустрија.
Така, најсилниот бренд во светот се произведува во Македонија и е достапен и на локалниот пазар. Посветеноста на Philip Morris International за одржување највисок квалитет на своите производи и пуштање на пазарот Марлборо кое ги исполнува сите стандарди за квалитет, е гаранција дека и цигарите произведени во Прилеп се со ист квалитет и ист вкус на кој се навикнати македонските потрошувачи. А тоа уште значи дека македонскиот производен потенцијал е неспорен и дека имаме квалитет по кој стануваме препознатливи и во странство.
Влезот и производството на светски познати брендови е доказ дека Македонија има капацитет кој уште повеќе треба да се искористи, а пренесувањето на знаењето и искуството од светските гиганти може да биде дополнителен поттик за локален напредок на компаниите и економијата на земјата во целина.