Заврши процената на ризик за четирите спорни фирми кои добија грант од Фондот за иновации

- Advertisement -

Компанијата „Декодикс“ поврзана со снаата на Цветанка Ласкова, има најмали шанси да ги добие 320-те илјади евра од грантот за иновации зошт добила проценка на граница на висок ризик. Мали шанси има и фирмата „Контура“ на Елена Донева, сопругата на поранешниот амбасадор Јован Донев, додека другите две фирми кои беа предмет на проценка – „Т- Сенс“ блиска до сопругата на актуелниот министер за култура, Асаф Адеми и „Микросам“ поврзана со поранешниот министер Веле Самак, се со понизок ризик од судир на интереси и со поголеми шанси да ги добијат парите за иновации. Ова го покажала процената на ризик кај четирите спорни фирми која за Фондот ја направи „Транспареси интернешнл – Македонија“.

Дали и која од фирмите ќе ги добијат грантовите во вредност 770.000 евра ќе одлучи Комитетот за одобрување на инвестиции на крајот на јануари.

- Advertisement -

Под притисок на јавноста од грантовите се повлекоа фирмите блиски до вицепремиерот Анѓушев и пратеникот Локвенец. Но на темата судир на интереси, Анѓушев смета дека државата губи со повлекувањето на неговите фирми од државните тендери и грантови.

Фондот во првиот повик додели грантови вредни 10,5 милиони евра. По допрен глас Јавното обвинителство отвори и предмет откако во јавноста беше објавено дека меѓу добитниците се фирми блиски до функционери.

Сподели!
- Advertisement -