Code Consulting e прогласена за најдобро мало претпријатие во Хрватска. Станува збор за компанија која минатата година Deloitte ја смести меѓу 500 најбрзорастечки технолошки компании во Европа, Блискиот Исток и Африка. Компанијата која развива софтвер и мобилни апликации бележи фантастичен раст во последните години. Основач на команијата е младиот Саша Саломон од Вуковар.
Тој за “Пословни дневник“ објаснува што работи оваа компанија чиј што слоган е „ Let the computer do the job“:
“Ги опфаќаме сите фази на развој, од планирање и технички дизајн заедно со клиентот, разво, тестирање и поставување инфраструктура. На тој начин може да понудиме целосна услуга за клиентот за кои развиваме големи, долгорочни проекти кои засега се главно во областа на медицината. Не зме врзани исклучиво за таа област, но ни одговара да работиме на поголеми проекти со клиенти кои имаат визија и подготвеност да прифатат сугестии и критики“, објаснува Саломон.
Досега најмногу соработуваат со клиенти во САД, како што се Varian Medical Systems, светски лидер во производство на медицинки уреди софтвер за лекување на рак, Glooko за развој на модерни решенија за борба со дијабетесот и други.
Компанијата со седиште во Вуковар, в моментов вработува 36 луѓе. “Во целиот развен свет денеска е тешко да се најдат добри таленти во информатичката технологја. Кај нас како мала земја тое е уште поизразено“, признава Саломон кој од државата очекува постратешки пристап кон оваа индустрија која се повеќе расте и исплаќа плати делеку повисоки од просечните.
Компанијата во моментов развива проект Brushies, едукативна играчка која ги учи децата како правилно да ги мијат забите. Овој проект првично беше презентиран на CES во Лас Вегас минатата година.
„И денес Brushies е одличен проект и многу сум горд што го истеравме од почеток до крај, од дизајн и електроника до фабричко производство. За жал, продажбата и маркетингот не ни се силни страни и Brushies сега е во мирување додека не најде партнер за продажба“, заклучува Саломон.
(Пословни дневник)