Кажи ми каде живееш, и ќе ти кажам кој си ти. Ова е начин да се преформулира старата изрека. Бидејќи домот е начин да се изразите себе си. Дали сакате вашата куќа да не е само убава и удобна, туку “поинаква, интелигентна и духовита”? Да можете да го контролирате било кој уред во домот, осветлување и да примате пораки, да поразговарате со оние што ве посетуваат, но не на вашиот тросед. Тогаш паметниот дом е она што ви е потребно. Вашиот дом, сосема потчинет на вас, на вашите желби и потреби.
Баш како што замислувате…
Што значи концептот HIQ дом?
Повеќето од нас замислуваат фантастична комбинација на жици, компјутери, лизгачки врати и мистериозни механички гласови. Но, всушност, можете да ја направите вашата куќа “паметна” без да направите радикални промени во исто време. Впрочем, HIQ домот е наизглед многу обична куќа или стан, но опремена со “паметен” систем, кој го исполнува секој ваш каприц, секоја желба на својот господар, како и мноштвото домашни обврски. Живот во дом кој не само пријатен, но истовремено удобен, безбеден и корисен.
Системот HIQ ги интегрира сите функции и обврски во еден дом, постојано и ефикасно. Разумно е да го оспособите целото домаќинство да се грижи за вас, вашата удобност и безбедност, заштедувајќи ви ангажман, време и пари.
Што добива сопственикот на HIQ домот?
Незамисливо многу. Во нормален дом, за да се опкружите себеси и вашето семејство со удобност, мир, безбедност, треба секојдневно да вложувате многу време и напор. Неопходно е да ги утврдите перформансите на секој сегмент од домот и да ги контролирате постојано. Во HIQ домот целата ваша активност ја превзема еден автоматизиран систем. Вие ќе добиете лесен и едноставен систем за целокупна контрола и тоа:
- Еден панел на допир кој управува со сите ресурси во домот со едноставен кориснички интерфејс, интуитивен и многу едноставен.
- Целата опрема и ресурси во куќата работат автономно според вашите подесувања, но вие ја задржувате контролата на сите процеси, доколку е потребно, да ги поправат и решат проблемите.
- Животот во куќата може да се организира според сценарио: Вие ќе ги прецизирате сценаријата, можете да дефинирате одредено време или да се активираат според според вашите желби и потреби.
- Системот за контрола може да биде на далечина од мобилен телефон или преку веб апликација!
- На располагање добивате доверлив и сигурен систем, благодарение на непреченото и координирано работење на сите елементи и ресурси во домот.
Во HIQ домот може да се контролира:
- Осветлување и ролетни (завеси)
Осветлување ги вклучува сите желби на сопственикот. Наутро, неколку минути пред алармот се подигаат ролетните, дозволувајќи му на сонцето да ве помилува за добро утро. Сценарио на вклучување и исклучување на светилките во домот во одредено време во домот според потребите, навечер автоматски во куќата се исклучува светло во сите простории откако сензорите ќе почувствуваат дека сите се во своите кревети… HIQ домот едноставно се претвора во невообичаено интимен, на пример, според сценариото “Романтична вечера”, собата e осветлена со интимно осветлување, нежна светлина од каминот, ролетните се спуштени, пријатна музика… Филмско сценарио , сценарио за забава во домот и слично, со еден допир на екранот може да извршите било кое дефинирано сценарио.
- Електрични уреди
Сите електрични апарати во домот се под контрола. ТВ, пеглата, машината за перење и машината за миење садови, печката, фрижидерот, бојлерот – сите апарати во куќата може да бидат контролирани со еден клик на контролниот панел.
- Систем за греење и ладење
Не грижете се какво е времето надвор, бидејќи условите во домот самостојно го одредувате! Со системот за контрола на климата, можете дури и да ја почувствувате топлината на Малдивите, без да го напуштите удобниот тросед, во топлото лето да додадете ладна свежина во вашиот дом. Системот овозможува многу грејачи да се програмираат. Ако дома сопствениците не се присутни во одредени периоди во текот на денот, нивните радијатори автоматски ќе се исклучат. Доколку пристигнат дома порано од планираното, тие можат да пристапат до својот паметен дом преку апликација во движење. На пример, не е потребно да се загрее кога никој не е дома во текот на денот. Кога прозорецот е отворен, греењето во домот автоматски се намалува. Се разбира, греењето, исто така, може да се контролира рачно кога е потребно.
- Менаџирање и генерирање на енергија
Домот е во можност да користи алтернативни извори на енергија, како готермални извори на топла вода, како да произведува сопствена електрична енергија преку фотоволтаичен систем на покривот која има можност да се складира. Исто така овозможено е и користење на ефтината тарифа на струјата, на пример за загревање на подземни базени со вода која се користи во системот за греење според потребите во периоди на скапа тарифа.
• ВентилацијаHIQ домот е секогаш свеж и дише чист воздух, бидејќи неговиот систем обезбедува вентилациска контрола. Ова значи дека не знаете што е загаден и лош воздух во просториите. Уживајте во свежината, чистотата и свежината на своите домови.
• Домофон
Дури и домофонот во HIQ домот е многу поразумен. Тој ги евидентира сите ваши посетители, ве информира со порака и фототогафија, значи вие одредувате кој смее да влезе во вашиот дом и во кој период на денот.
• Мултимедија
Од која било соба, ќе можете да ги слушате омилени песни, да гледате видеа без разлика каде е сместен плеерот. Контролата е едноставна со допир на екранот. И нема потреба да се натрупува куќата со сите видови на жици, звучници, рекордери, имате на располагање компактна опрема стационирана на едно место во домот.
• Наводнување
Дури и системот за наводнување за вашата градина и двор ќе работи интелигентено. Имено, системот автоматски ја одредува на количината на влага, сходно на тоа потребата за наводнување и автоматски се активира. Значи, вашата градина секогаш ќе цвета и мириса. Во секое време имате на располагање “умен градинар!”
• Видео Надзор и Противпожарна заштита
Сега можете да ја следите ситуацијата деноноќно, дури и додека сте надвор од домот! Можете да спиете мирно во текот на ноќта, и секоја камера ќе снима било какво движење во домот и околината додека системот за дојава на пожар ќе ве алармира по пат на смс порака на вашиот мобилен уред.
• Безбедност
Сега ќе спиете мирно, дома имате најсигурен безбедносен систем, кој го чува вашиот дом. Безбедноста се однесува на сите објекти во куќата и на вашата поблиска околина, сѐ е под строга контрола на безбедносниот систем на вашиот HIQ дом. Значи, во секој момент, каде и да сте, имате информација за тоа што се случува во вашиот дома. Доколку се случи некој дефект, на пример протекување на вода, испад во електричната инсталација, автоматски се затвараат вентилите и прекинува целокупниот енергетски систем, со што се превенираат дополнителни штети во домот. Исто така, при подолготрајно напуштање на домот, на пример кога одите на одмор, автоматски се гаси електричната енергија, се затвараат водоводните вентили, а повремено се палат случајни светилки за да ги изманипулираат потенцијалните крадци дека сепак има некој дома.
• ЗаштедаHIQ – домот ви овозможува заштеда на сметките за електрична енергија до 50%, како и заштеда на трошоците за одржување на домот.
Добредојдовте во вашиот HIQ – дом!
Верувајте ни, ова не се сите можности на HIQ домот. Палета на “паметни” функции е огромна, согласно вашата имагинација. Сѐ уште се сомневате дали ви е потребен? Кабтел Ви овозможува целосна инсталација и имплементација на сите барани модули со врвен европски квалитет, за нови или домови во фаза на реновирање. HIQ – домот – дом на иднината, вашата иднина, која ви е достапна веднаш. Кабтел, вашиот доверлив партнер за целосно интегриран паметен HIQ дом или деловен објект!
До 20% поврат на средствата преку ГЕФФ програмата!