Градоначалникот на Загреб најави проект од милијарда евра – Нов Загреб ќе биде град во град

- Advertisement -
Денес, на Божиќ, градоначалникот на Загреб на своите сограѓани им најави што се ќе се гради во 2019 година.

Милан Бандиќ ги најави најважните проекти за идната година што ќе се реализираат во градот.

“Ќе гледаме што побрзо да го завршиме роторот, проектот за јарунскиот мост да биде што побрзо готов затоа што роторот без тој мост е како супа без сол. Проектираме врска со аеродромот, со конгресниот центар и за 15 до 20 дена конечно ќе почнеме со новата жичарница на Семеен” изјави градоначалникот.

- Advertisement -

Тој најави и мегапроект од милијарда евра за кој градот бара партнери, а тоа е редизајнот на загрепскиот велесаем.

„Ако се оствари, Нов Загреб ќе биде град во град, а Загреб уште поубав” додаде градоначалникот Бандиќ.

Сподели!
- Advertisement -