Илон Маск го лансираше првиот американски сателит за национална безбедност

- Advertisement -

Ракетата на SpaceX со американскиот воен сателит за навигација беше лансирана од Кејп Канаверал во Флорида, со што компанијата за вселенски транспорт ја стартуваше првата американска вселенска мисија за национална безбедност.

Ракетата Falcon 9 опремена со GPS сателит вреден ококу 500 милиони долари, кој го направи корпорацијата Lockheed Martin, полета од Кејп Канаверал вчера во 8.51 часот по локално време.Претходните четири лансирања, влучувајќи го и тоа во саботата, беа одложени за една недела поради лошите временски услови и технички проблеми.

- Advertisement -

Успешното лансирање е битна победа за компанијата на милијардерот Илон Маск, која се занимава со изработка на вселенски летала и со години се обидува да се пробие на пазарот за воени вселенски летала, каде што доминираат Lockheed и Boeing Co.

SpaceX во 2014 година го тужеше американското воено воздухопловство поради договорот за лансирање 35 ракети вреден повеќе милијарди долари, кој без натпревар беше доделен на United Launch Alliance, односно партнерство меѓу Вoeing и Lockheed. SpaceX се откажа од тужбата во 2015 година. Наредната година Маск доби 83 милиони долари вреден договор со американското воено воздухопловство за лансирање на сателитот GPS III, кое ќе потрае 15 години.

- Advertisement -

Вчерашното лансирање беше едно од вкупно 32 сателити со вкупна вредност од 12,6 милијарди долари, кои Lockheed ќе ги произведе за програмата GPS III на американското воено воздухопловство. Идниот GPS III сателит ќе биде лансиран на лето 2019 година.

Сподели!
- Advertisement -