Оваа заштитна кацига е мека како капа се додека не се судри со нешто

- Advertisement -

Било да ги нарекувате шубари, беретки или едноставно волнени капи, многу скијачи носат нешто такво кога скијаат и ризикуваат сериозно да се поврдат зашто не сакаат да носат кациги. Токму затоа е создаден ANTI Ordinary A1, односно наизглед обична, мека волнена капа, која станува тврда како шлем ако со главата удрите во нешто.

A1 ја направи биомедицинскиот инженер Роб Џозеф и инженерот Броди Робинсон, и двајцата студенти на Универзитетот за технологија Квинсленд во Австралија. Има внатрешна облога направена од 70%-90% мерино волна, комбинирана со 100% надворешен акрилен слој. Мерино волната е неалергенска и не предизвикува потење, додека надворешниот слој обезбедува цврстина, издржливост и трајност. 

- Advertisement -

Помеѓу тие два слоја се наоѓа мешавина од нењутнови течности. Тие се составени од честички кои лесно се лизгаат една крај друга кога се движат бавно, но се судираат кога се движат брзо. Како резултат на тоа материјалот е мек и сличен на течност кога е во мирување, н моментално станува повискозен и се стврднува кога е подложен на некакво притисок.

Конечниот производ ќе тежи 750 грама или малку повеќе од просечните кациги за скијање. Почнувајќи од 14 јануари ќе стартува кампања на платформата за групно финансирање Kickstarter. Доколку се оствари зададената цел, оваа капа-кацига ќе се продава по цена од 119 долари.

Сподели!
- Advertisement -