Уште една волонтерска акција на вработените од Пивара Скопје во СОС Детско Село

- Advertisement -

Во екот на новогодишната магија за споделување радост и среќа со најмилите, жените вработени во Пивара Скопје повторно го посетија СОС Детско Село Македонија. На заедничкото дружење, децата од СОС Детско село и волонтерките од Пивара Скопје, во топла и весела атмосфера, подготвуваа традиционални новогодишни колачиња. Ова е втора акција на волонтерките од Пивара Скопје во СОС Детско село оваа година, по онаа организирана во пресрет на 8. Март – Меѓународниот ден на жената.

„Прекрасно е што имаме можност на овој начин, во одлично расположение, да се подготвиме за претстојните празници. Дружбите со волонтерките од Пивара Скопје секогаш внесуваат радост и топлина кај децата и сите нѐ прават среќни. Заедничкото подготвување на новогодишни колачиња е навистина одличен начин да се одбележи овој период од годината“, изјави националниот директор на СОС Детско Село Македонија, Јулијана Гапо, воедно заблагодарувајќи ѝ се на Пивара Скопје за обезбедената финансиска поддршка.

- Advertisement -

 

- Advertisement -

Во текот на оваа година, вработените во Пивара Скопје реализираа над 1000 часови волонтерска работа, што јасно покажува дека волонтерството претставува суштествен дел од корпоративната култура на компанијата.

„Задоволни сме и горди што како компанија и оваа година продолживме со финансиската поддршка и соработката со СОС Детско село. Истовремено, продолжуваме и со волонтерските акции со кои сакаме да дадеме и поединечен придонес во унапредување на квалитетот на животот на заедницата. Особено се радуваме на дружењето со децата во СОС Детско Село, а жените вработени во Пивара Скопје и овојпат докажаа дека покрај трудољубивоста, и  солидарноста и емпатијата се дел од нивниот личен кодекс на вредности. Како компанија, во доменот на општествената одговорност во годината што изминува постигнавме забележителни резултати и верувам дека создавањето силни партнерства со заедницата и имплементацијата на активности од овој вид ќе продолжи и следната година“, изјави Ламбро Патче, менаџер за односи со јавност и комуникации во Пивара Скопје.

- Advertisement -

Како дел од глобалните системи на Coca-Cola и HEINEKEN, Пивара Скопје, повеќе од девет децении, покрај лидерството на пазарот во земјата, одвојува значајно време и ресурси во реализација на голем број проекти и волонтерски активности за поддршка на заедницата во повеќе области, како што се: здравјето и безбедноста, активниот животен стил, умерената и одговорна консумација на алкохол, обезбедување чиста животна средина и заштита на водните ресурси, јакнењето на местото на жената во општеството, како и стекнување знаења и вештини кај младите со кои тие полесно ќе ги надминат бариерите при вработувањето или ќе отворат свој бизнис.

СОС Детско Село е меѓународна организација посветена на заштита и примена на детските права, со посебен фокус на поддршка на децата без родители и родителска грижа и деца кои растат во семејства со социјални ризици. Организацијата во Македонија е основана во 2002-рa година, а во нејзините рамки функционираат: СОС Детско Село, СОС Младинска Заедница и СОС програма за полунезависно живеење.

Сподели!
- Advertisement -