ВИДЕO: Пакистан ќе сади 10 милијарди дрвја

- Advertisement -

Пакистан ќе посади 10 милијарди дрвја со цел со шумите да се бори против климатските промени. Шумите се сметаат за зелено злато. Секој може да земе стебленце дрво од некоја од 200 локации во земјата. Пакистан се надева дека заедниците и бизнисите ќе садат колективно.

Проектот се вика „Цунами од 10 милијарди дрвја“ („10 billion tree tsunami“). Земјата се соочува со едно од најсериозните обесшумувања во Азија и е една од земјите кои се најподложни на ефектите од климатските промени.

- Advertisement -

Планинските глечери се топат, поради што се поплавуваат реките. Климатските промени од 1998 година наваму веќе го чинат Пакистан повеќе од 3,8 милијарди долари и се причина за повеќе од 10.000 жртви.

Дрвјата ќе ги одржуваат речните текови и ќе штитат од ерозија на земјиштето, со што ќе се намали ризикот од излевање на реките и ќе се ублажат ефектите од климатските промени. Провинцијата Кибер Пактункава има засадено 1 милијарда дрвја од 2014 година наваму.

- Advertisement -

Пакистан ќе ги намали и субвенциите за фабриките за јаглен и ќе ја зголеми зависноста од обновливата енергија како што се ветрот и соларната енергија, која моментално е најевтин извор на електрична енергија.

Pakistan is planting 10 billion trees

Climate change has cost Pakistan $3.8 billion since 1998. Read more: https://wef.ch/2V4XgD9

Posted by World Economic Forum on Петок, 21 декември 2018

Сподели!
- Advertisement -