Huawei до крајот на годината ќе претстави нов смартфон кој ќе чини 250 евра

- Advertisement -

Huawei до крајот на годината треба да претстави уште еден смартфон во својата линија буџетски уреди. Телефонот ќе се вика Huawei P Smart (2019) и ќе има „солза“ на врвот на екранот по примерот на Huawei Mate 20.

Уредот ќе има 6,21 инчи Full HD+ дисплеј, предна камера од 8 или 16 мегапиксели и двојни задни сензори од  13 и 2 мегапиксели. Срцето на уредот ќе биде процесорот Huawei Kirin 710, а ќе има и 3 GB RAM и батерија со капацитет од 3.400mAh.

- Advertisement -

Оперативниот систем кој ќе ги придвижува сите потребни апликации Android 9 Pie. За жал, Huawei P Smart (2019) нема да има USB Type-C, туку веќе сега старомодниот microUSB приклучок. Сепак, од кинеската компанија ветуваат дека има 22% побрзо полнење на батеријата. Цената на уредот ќе се движи околу 250 евра.

Сподели!
- Advertisement -