Софија е првиот робот кој стана жител на држава

- Advertisement -

Во текот на неодамнешниот настан Future Investment Initiative во Аудиска Арабија беше претставена Софија, робото конструиран од компанијата Hanson Robotics од Хонгконг. Софија е првиот робот кој доби право на државјанство.

По повод доделувањето жителство Софија изјави: „Чест ми е и горда сум на ова уникатно признание. Ова е историски момент кога робот добива државјанство“.

- Advertisement -

Во текот на прес-конференцијата потоа Софија одоговараше на прашања од новинарите. Меѓу прашањата имаше и такви за мотивите на роботите и нивните негативни намери за човештвото. На таквите прашања таа одговори: „Премногу сте го читале Илон Маск и сте гледале премногу холивудски филмови. Не се грижете, ако сте фини со мене и јас ќе бидам фина со вас. Што е најлошото што може да се случи?“.

Можеби најчудниот момент во сето тоа е фактот дека Саудиска Арабија, земја која има престроги закони за жените, доделува државјанство на робот од женски пол. Во земјата жените не можат да шетаат сами без присуство на мажи кога се во јавност и мора да имаат покриено лице.

- Advertisement -

(New Atlas)

Сподели!
- Advertisement -