Австрија воведува данок за технолошките гиганти?!

- Advertisement -

Австрискиот канцелар Себастиан Курц објави дека ќе воведе такси за „Apple“, „Facebook“, „Google“ и други компании кои наводно го избегнуваат правилото за фер конкуренција.

Во декември министрите за финансии на земјите членки на ЕУ не успеаја да постогнат договор за данок на дигиталните приходи , и покрај француско – германската иницијатива пред самиот состанокм да обезбедат поддршка од земјите членки .

- Advertisement -

Деталите за овие даноци се уште не се познати. Ова ќе биде додаток на оние даноци воведени од ЕУ. Франција исто така воведува нови даноци. Шестмесечниот мандат на претседавач со ЕУ заврши за Австрија , а во вторник го презема Романија.

Компаниите кои би биле опфатени од овие даноци веќе изјавија дека тие го плаќаат она што е потребно. Овие компании најчесто го пријавуваат својот приход од ЕУ во земји кои имаат пониски даноци, како на пример Ирска, и се потпираат на дупки во законот со цел да го намалат нивниот финансиски импакт.

- Advertisement -

Иако тоа е легално, сепак тие плаќаат многу помалку во просек од другите бизниси, и тоа 9 проценти во споредба со 23 проценти кои ги плаќаат другите фирми кои работат во овој регион.

Сподели!
- Advertisement -