Конечно завршува изградбата на Коридорот 10

- Advertisement -

Според потпретседателката на владата на Србија и министерка за градежништво, Зорана Михајловиќ, работата на Коридорот 10 конечно ќе биде завршена оваа пролет. Таа вели дека 24,5 км се асфалтирани и останува да се заврши уште само еден километар, а и понатаму се работи на обезбедување на кривините 2 и 5, како и на опремување на тунелите.

„Прашање на време е кога ќе бидат готови потпорните ѕидови, што не е последица на неработење или на некој проблем затоа што потребно е време за санација. Се надеваме дека ќе можеме да зборуваме за завршување на работата во февруари или во март, но сепак тоа прашање нека остане отворено“ изјави министерката.

- Advertisement -

Михајловиќ нагласи дека дури кога “Коридори Србија“ ќе кажат дека се е готово и безбедно Владата ќе даде дозвола за употреба и ќе го пушти сообраќајот низ Грделичката клисура.

На прашањето уште колку километри останале од источниот крак од Коридорот 10 од Ниш до границата со Бугарија кај Димитровград, таа изјави дека се градат последните седум километри автопат. Кога ќе се погледне целиот Коридор 10, вкупно има 8,5 км на кои се гради, од кои на јужниот крак има само еден километар.

- Advertisement -

На источниот крак работи изведувач од Грција и тука најмногу се работи на обезбедување на оддени косини над автопатот.

Што се однесува на плановите за 2019 година, се планира да почне изградбата на нови делови од Коридорот 11, чија вредност е 450 милиони евра и декавеќе е подготвена документацијата и извршена е експропријација на земјиштето.

Сподели!
- Advertisement -