Мажот на годината за 2018, д-р Владимир Чадиковски е горд сопственик на сосема нов Volvo XC40 D4 2.0L 190hp Momentum AT8 AWD
Автомобилот на годината за 2018 Volvo XC40 и Мажот на годината за 2018, д-р Владимир Чадиковски склучија моќно партнерство. Доктор Владимир Чадиковски е официјално лице на Volvo за Македонија и ова е почеток нешто што ќе претставува долгорочна соработка помеѓу Чадиковски и новиот дилер на Volvo во Македонија – Премиум АГС.
Елегантен изглед со моќни перформанси да го зграби секој предизвик, Volvo XC40 е вистинскиот избор за секој маж кој го препознава квалитетот. Не случајно мажот на годината за 2018 година и човекот со најголем придонес во општеството заедно со Volvo XC40 ја сплотија енергијата и моќно чекорат по патот на успехот.
„Во 2019 одбележувам 22 година од мојата професионална кариера. Низ годините сум добил многу признанија за својот труд, но особено ми е драго што годината ја завршувам со признание Маж на годината 2018. Убаво е чувството кога по толку голема посветеност, вложена енергија, време и труд за професионално усовршување, добивате вакво признаниe, а посебно кога алката ја надополнува и Volvo. По напорен ден, ви треба стабилност и удобност, а за старт на денот во мојата професија потребна е енергија и моќ за сите предизвици. Volvo XC40 е вистинскиот избор за мене. Сакам да изразам голема благодарност до тимот на Премиум АГС кои ме поврзаа со еден премиум бренд како Volvo” – вели д-р Владимир Чадиковски.
Успехот е нешто за што треба да работите, да го стекнете и да се усовршите во полето на вашата работа, а чувството на моќ додека го возите вашиот Volvo е надополнување на стилот и елеганцијата на еден вистински џентлмен.
Погледнете ја галеријата од официјалната фото сесија.
Запознајте го Volvo XC40 – Европски автомобил на годината за 2018!
Уште од самото излегување на пазарот, побарувачката за Volvo XC40 е огромна и многу е веројатно дека овој мал SUV ќе стане најбараниот модел во историјата на Volvo! Пред воопшто да се појави, од Volvo објавија дека имаат повеќе од 60.000 нарачки и тоа без моделот да биде достапен на неколку големи пазари, како на пример кинескиот!
Mногу пред да го покажат автомобилот во својата сериска верзија, минатата година, Volvo објави дека идејата за оптимална персонализација ќе биде во центарот на новиот XC40. Од брендот ветија дека идните сопственици на автомобилот ќе имаат можност да го конфигурираат својот нов XC40 во бројни надворешни и внатрешни комбинации на бои што го прави моделот со најширока понуда во историјата на Volvo.
Сега, кога XC40 е достапен на пазарот, гледаме дека освен на новите решенија за бои и контрасти на надворешноста, од Volvo обрнале сериозно внимание и на воведувањето на нови материјали и стилизирани шеми на бои за ентериерот. Уличната мода, градската архитектура, дизајнерските парчиња од највисок квалитет и поп културата – сите беа наведени од брендот како извори на инспирација при изработка на внатрешноста на XC40.
Освен новостите, тука е присутна секогаш традиционалната елеганција и ергономија по која Volvo е препознатлив како бренд. Од компанијата направиле чекор напред и преку овој модел на пазарот истакнаа неколку интересни дизајн решенија кои ветуваат подобрен комфорт. Централната конзола на новиот XC40 е полна со елементи кои го олеснуваат возењето. Тука се специјално оформените држачи за чаши, преградите за монети и картички и просторот за безжично полнење на телефон.
Други интересни карактеристики на автомобилот се дополнителниот простор за багаж во предните врати каде може да се сместат неколку шишиња или дури и некој помал лаптоп. Ова е постигнато со отстранување на звучниците кои се заменети со уникатен сабвуфер вграден во горниот дел од централната табла.
Можеби најдобар пример за високото ниво на изработка на новиот XC40 се наоѓа во еден од најмалите дизајн елементи на ентериерот – елегантно оформените тркалца за насочување на вентилацијата кои претставуваат и своевиден заштитен знак на внатрешноста носејќи класично ладно чувство на метал комбинирано со исклучително пријатна перцепција за непречено функционирање при ротирање.
Во однос на аудио-доживувањето во автомобилот, од компанијата овозможуваат секој возач да го оптимизира според сопствените потреби. За овој дел е задолжен престижниот бренд Harman/Kardon со своите 14 звучници позиционирани беспрекорно во внатрешноста на автомобилот.
Од Volvo, силно веруваат во овој модел. Тие се сосема разумно уверени во квалитетите на XC40 и ветуваат дека со него ќе имаат вистински мулти-профилен автомобил, подготвен да ги задоволи барањата на целиот пазар.