АНАЛИЗА: 79 од вкупно 81 градоначалник во 2018 година користеле социјални медиуми

- Advertisement -

И минатата година градоначалниците биле најактивни на Фејсбук, по што следуваат Инстаграм и Твитер

Седумдесет и девет од вкупно 81 градоначалник го користат Фејсбук во својата работа. Следи Инстаграм кој го користат 29 градоначалници, а драстично мало присуство на првите луѓе на општините во 2018 година беше забележано на Твитер, каде се активни само 7 градоначалници. Ова го покажа анализата направена во периодот помеѓу 15 и 30 декември 2018 година.

Споредено со 2017 година, еден градоначалник помалку бил активен на Фејсбук, додека, пак, има зголемување на бројот на градоначалници кои ги користат другите две социјални мрежи. Инстаграм минатата година користеле 8 градоначалници повеќе споредено со 2017 година, а двајца повеќе биле активни на Твитер компарирано за истиот период.

- Advertisement -

„Се добива впечаток дека недоволно ресурси се насочуваат во делот на двонасочната комуникација со граѓаните, како и процесот на транспарентност и отчетност. Иако бројките се високи, квалитетот на комуникацијата на социјалните медиуми е генерално на многу ниско ниво. Граѓаните и медиумите бараат и имаат право да бараат одговори, а властите се тие кои имаат обврска да ги дадат одговорите на сите поставени прашања. Нема оправдување за ниту еден градоначалник или носител на било која јавна функција за ваквиот однос, особено ако се потсетиме дека секој функционер се финансира со парите на граѓаните и компаниите“ вели Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми, кој е и автор на оваа Анализа.

Само пет градоначалници истовремено користат Фејсбук, Твитер и Инстаграм во својата работа, а двајца градоначалници воопшто не ги користат социјалните медиуми, покажа Анализата.

- Advertisement -

Сепак, градоначалниците се нешто поактивни на Фејсбук споредено со пратениците и министрите. Ваква Анализа, направена во Мај 2018 година откри дека 112 од вкупно 120 пратеници користат Фејсбук, додека слично истражување објавено во Јули минатата година покажа дека 23 од вкупно 26 министри се редовно активни на овој социјален медиуми.

Анализата за прв пат се занимава и со користењето на официјални веб платформи и социјални медиуми за комуникација со јавноста од страна на општините.

- Advertisement -

Констатирано е дека сите 81 општина имаат официјални веб страни, додека 52 општини имаат своја страна/профил на Фејсбук. 10 општини се активни на Инстаграм, додека нешто поголема бројка или 14 општини имаат свој Твитер акаунт.

Единствени локални самоуправи кои истовремено имаат свои активности на Фејсбук, Твитер и Инстаграм се Градот Скопје, како и општините Гази Баба, Карпош, Крива Паланка и Македонски Брод. Општина Карпош и нејзиниот градоначалник се единствените кои имаат активности на сите онлајн платформи опфатени со оваа анализа.

„Полуфункционални веб страни и стари информации, контакт адреси на gmail, слики од скопски музеи и странски знаменитости се само дел од она што можете да го видите ако ги анализирате официјалните веб страни на општините во Македонија. Се поставува прашањето кој се грижи за нивното одржување и редовно полнење со корисни информации за граѓаните. Транспарентноста на јавните функционери на сите нивоа на власта е клучна за демократијата. Дополнително, активностите на социјалните мрежи се од голема важност за традиционалните медиуми кои оттаму добиваат уште поголем извор на информации за понатамошни новинарски и уреднички анализи. Правиме напори од оваа година да започнеме со уште подлабински анализи на квартално ниво кои ќе ги опфаќаат извршната, законодавната и локалната власт. За ова се обративме и разговараме со дел од донаторската заедница во земјава кои се надеваме дека ќе ја препознаат потребата и ќе дадат поддршка“ истакна Бојан Кордалов, специјалист за односи со јавноста и нови медиуми.

Дополнително, се препорачува целосна интеграција на социјалните медиуми и општинските веб страни, како и верификација на страните и каналите со цел секој граѓанин да може лесно да препознае која страна е официјална. На тој начин, со секој трансфер на власта, тие ќе се остануваат во сопственост на локалната самоуправа, што ќе овозможи континуитет и градење доверба и кредибилитет кај јавноста.

Потребно е усогласување на домените кај сите единици на локалната самоуправа, како и дополнително да се обезбеди пристап до веб страните на секој официјален јазик во општината. Препорачуваме општинските веб страни да имаат и верзија на англиски и друг светски јазик бидејќи во ера на дигитализација официјалните веб страни и социјални медиуми на општините се дел од стратегијата за привлекување на домашни и странски туристи што понатаму значи побогата општина, развој на локалните бизниси и намалување на одливот на млади.

Сподели!
- Advertisement -