ВИДЕО: Volo Go е првиот фен за сушење коса без кабел

- Advertisement -

Компанијата Volo Beauty го претстави првиот фен за сушење коса без кабел во светот. Оваа иновативна технологија беше претставена вчера на Саемот за потрошувачка електроника CES во Лас Вегас, еден ден пред официјалнот отворање. Оваа технологија драстично го скратува времето на сушење на косата.

Според Volo, новиот систем се вика Volo Go има литиум-јонска батерија која се простира по целата должина на дршката, што овозможува да се исфрли кабелот за приклучување во струја. Но, фенот воопшто не е евтин – ќе почне да се продава по цена од 399 долари.

- Advertisement -

Volo Go е номиниран и за Innovation Awards Honoree на CES 2019 , а кампањата на платформата за групно финансирање стартува денес. На системот се работело повеќе години. За разлика од традиционалните фенови, Volo Go има кварцен инфрацрвен грејач. Со едно полнење на батеријата на средна брзина и топлина може да работи 24 минути, на висока околу 13 минути, а од компанијата велат дека долгата коса може да ја исуши за околу 10 минути.

„Во основа, се работи за истата технологија од тостерите, кога е измислена уште во 20-тите години. Ние го реадаптиравме грејачот. Кварцната инфрацрвена топлина е иста како таа од Сонцето. Таа емитува светлина. Не е толку топло како стандардните фенови, но ја суши косата одвнатре“ велат од Volo.

- Advertisement -

Сподели!
- Advertisement -