„Крипто перпер“ е првата виртуелна црногорска валута

- Advertisement -

Германецот со црногорско потекло Александар Каписода во петок минатата недела во Генералниот конзулат во Фрнаксфурт го претстави „крипто перпер„ како црногорска дигитална валута. Каписода, кој е инженер за интернет-комуникација и научник од областа на дигиталната технологија во една германска фармацевтска компанија, одлучи да ја „восресне“ валутата на Кралството Црна Гора во облик соодветен на 21 век и својата интелектуална сопственост да ја подари на Црна Гора.

Овој проект го посвети на стогодишнината од Божиќното востание. Проектот на Каписода, односно дигиталната валута крипто перпер е еквивалентна на биткоин и е средство за онлајн плаќање. Каписода сака валутата да ја користи за трансакции од дијаспората со кои се финансираат хуманитарни акции и општествени проекти кои би му користеле на народот на Црна Гора.

- Advertisement -

Не е исклучено доколку валутата ја прифатат повеќе корисници да се користи за бизнис трансакции во економијата на Црна Гора. Со овој проект дава поддршка на дигитализацијата на Црна Гора, која и отвора можности за бизниси во дигиталниот свет.

Сподели!
- Advertisement -