Експерти предупредуваат дека зад руската апликација која го освои светот FaceApp се крие опасност!

- Advertisement -

Аликацијата FaceApp стана позната во целиот свет, па така и кај нас. Предизвикот FaceApp Challenge се чини ги освои сите и нема кој не сака да види како ќе изгледа кога ќе остари. Сепак, експертите предупредуваат дека користењетo на оваа апликација не е препорачливо од повеќе причини.

Како и сите други вирални апликации, FaceApp пронајде начин да ги заинтересира корисниците од целиот свет, но ова е втор пат апликацијата да стане популарна на целата планета. Првиот пат го освои светот во 2017 година, кога беше преземена 80 милиони пати.

- Advertisement -

Апликацијата користи неколку филтри за да ве „остари“ на селфи фотографиите и да ви прикаже како ќе изгледате кога ќе бидете постари. Освен тоа, оваа апликација има уште неколку ефекти кои не доживеаја толкава популарност како ефектите за стареење. Откако корисниците ќе направат фотографија во оваа апликација, ја споделуваат на социјалните мрежи и така ги повикуваат своите пријатели да се придружат на виралниот предизвик.

Некои експерти сметаат дека постои голема можност ваквите апликации да се креирани за корисниците да дадат што повеќе информации за себе, без и да сте свесни за тоа. Вие им давате квалитетни и изострени фотографии од вашето лице, а кога тоа ќе го комбинираат со вашето име, презиме и останатите детали кои ги добиваат преку апликацијата, сето тоа потоа можат да го користат кога и каде било.

- Advertisement -

Тие предупредуваат дека за усовршување на профилите останува само да се прелистаат некои ваши профили на мрежи како Facebook, Instagram или LinkedIn и да се комплетира целата слика. Додаваат дека ваквите апликации можат дополнително да создадат компликации во гласањето на политички избори.

FaceApp е создадена во Санкт Петерсбург, Русија од страна на Јарослав Гончанов, поранешен вработен во компанијата Yandex.

Сподели!
- Advertisement -