Со Битолското чупе во зимски авантури!

- Advertisement -

Сигурно веќе добро го знаете омиленото Битолско чупе, она насмеано девојче во традиционална носија, со дрвена кантичка пресно млеко, кое е веќе добро препознатлив симбол за „Битолско“ и, впрочем, за целиот бренд Бимилк.

На возрасните им буди носталгија од некои други времиња, на децата им носи радост, игра и забава, меѓутоа дали некогаш сте помислите дека токму ова Битолско чупе, кое е симбол за традиција, историја и за квалитет, би можело понекогаш да го менува својот „аутфит“?

- Advertisement -

Во екот на зимската сезона, се прашувате ли како би изгледало, да речеме, во зимско руво? Со капа и со шалче, на скии или на санка, нашето омилено Битолско чупе ужива во зимските лудории.

Како и секогаш, сакајќи сè повеќе да се доближи до своите лојални потрошувачи, на начин што е разбирлив и интересен за нив, Бимилк повторно изненадува со својот иновативен пристап. Овој пат тоа се новите амбалажи на Битолскиот јогурт во една поинаква, зимска варијанта.

- Advertisement -

Всушност, сега имате можност да ја видите и да ја купите лимитираната колекција на Битолскиот јогурт со 4 различни дизајни. На скии, на сноуборд, со Снешко Белчо или, пак, како си игра во снегот, Битолското чупе во оваа зимска едиција ќе ве потсети на најинтересните зимски авантури, а вашите деца ќе го обожаваат.

Новите дизајни на Битолскиот јогурт се аплицирани на сите формати, односно на пакувањата од 1,5 кг, 1 кг, 500 г и 250 г, а ќе бидат достапни во продажба сè до март 2019 година.

- Advertisement -

Истовремено, од Бимилк ве повикуваат и да ги споделите вашите зимски авантури со нив и најавуваат голем број изненадувања!

Сподели!
- Advertisement -