Меѓу милионите апликации кои им се на располагање на корисниците на паметни телефони повремено се наоѓа по некоја која би можела да спаси животи. Една од нив е ShakeAlertLA, апликацијата кја ја издаде Лос Анџелес за своите жители да ги предупредува на можните катастрофални земјотреси.
Имено, Лос Анџелес се наоѓа на прилично трустно подрачје, на кое потресите не се ништо невообичаено. Но, поради близината на раседот Сан Андреас, кој се спушта покрај брегот на Калифорнија, научниците предупредувваат на опасноста од силни потреси кои би можеле да имаат катастрофални последици.
Апликацијата ShakeAlertLA се базира на податоци од Американската канцеларија за геолошки истражувања, која бележи потреси од ширум светот. Но, апликацијата ја прави посебна тоа што корисниците ги предупредува на потрес и до 90 секунди пред да се случи. Новата технологија која ја разви USGS во комбинација со посебно развиен алгоритам, треба да ги предупредува жителите на Лос Анџелес, но уште не е целосно тестирана.
Не знаеме колку брзо и ефикасно ShakeAlertLA ќе ја пренесеува порака до голем број луѓе, признава директорот на сеизмолошката лабораторија на Универзитетот Беркли, Ричард Ален. Авторите на апликацијата признаваат дека на почетокот веројатно нема да биде доволно рано, но со тек на време ќе се прилагодува апликацијата и предупредувањата ќе бидат што понавремени и попрецизни.
Токму за да биде попрецизна апликацијата ќе испраќа предупредувања само за потреси посилни од 5 степени. Бидејќи такви потреси во Лос Анџелес се случуваат по неколку секоја година, од градот се надеваат дека корисниците ќе се навикнат на апликацијата пред да се случи некој посериозен потрес.