Овие шест типови музика драстично ја зголемуваат продуктивноста

- Advertisement -

Музиката не е само средство за забава. Таа може да ја зголеми креативноста и да ни помогне да станеме попрoдуктивни. Слушањето музика може да биде и терапевтско, да не ослободи од стресот и да ни помогне подобро да се концентрираме. Истражувачи открија дека одредени типови музика може да ни помогнат многу кога работиме, други можат да ни помогнат подобро да учиме и да ја подобриме способноста за процесирање информации. Доколку се борите со продуктивноста и сакате да знаете што да слушате за да бидете попродуктивни, овие шест типови музика можат да ви помогнат.

1. Класична музика
Истражувањата покажуваат дека слушањето класична музика може да им помогне нa луѓето да бидат поефикасни. Оваа теорија се вика „Моцартов ефект“ и тврди дека слушањето класична музика може да ја зголеми мозочната активност и да делува како катализатор за подобро здравје. Различни студии потврдуваат дека ваквата музика може да им помогне на луѓето да решаваат загатки. Отсуството на зборови е една од причините, како и смирувачкиот ефект.

2. Звуци од природата
Слушањето звуци од природата како морски бранови или некој поток ја подобрува когнитивната способност и концентрацијата. Природните звуци имаат најдобри ефекти која се смирувачки како водопад или вода што тече, додека некои птици и крикови на животни можат да го одвлечат вниманието. Истражувачи открија дека звуците од природата го подобруваат расположението и фoкусирањето затоа што ги прикриваат погрубите звуци околу нас како разговорот на луѓето.

- Advertisement -

3. Филмска музика
Убавата кинематографска музика може да направи да се чувствувате битни и инспиративни, дури и ако не правите ништо посебно. Грандиозната, епска филмска музика може да направи да се чувствувате како да го менувате светот иако вршите обични активности како пазарење или чистење по дома. Филмската музика како да ви дава моќ и го подобрува расположението. Ако се чувствувате изморени и истоштени, слушајте филмска музика.

- Advertisement -

4. Музика од видеоигри
Можеби звучи чудно, но слушањето музика компонирана за подобро гејминг искуство е одлична алатка за подобро фокусирање. Секој елемент од видеоигрите е направен за да создаде подобро искуство за сите ваши сетила, а музиката е направена специјално за да ви помогне да се фокусирате на играта без да обрнувате внимание на други звуци. Генерално, ваквата музика нема зборови или гласови и е брза за да ве поттикне да се движите.

5. Музика со 50 до 80 тактови во минута
Некои истражувања покажуваат дека не е толку битен типот на музиката колку темпото на музиката. Според некои експерти за бихејвиоризам, слушањето музика со 50 до 80 тактови во минута го ставаат мозокот во алфа состојба. Кога сме будни, вообичаено сме во бета состојба, односно мозочната активност е од 14 до 30 HZ. Кога мозокот малку забавува до 7- 14 HZ, се наоѓаме во порелаксирана алфа состојба кога сме порецептивни и отворени, а помалку критични. Оваа состојба научниците ја асоцираат со т.н еурека моменти.

- Advertisement -

6. Омилената музика
Кога работите на проекти за кои не сте баш возбудени, најдобро е да слушате музика која ви се допаѓа. Истражувањата покажуваат дека омилената музика може да го подобри расположението и да ја подигне подуктивноста.

Сподели!
- Advertisement -