Мареике Вит и Роуз Закс спроведоа истражување на 428 студенти, при што тие морале да се класифицираат дали се сметаат за утрински и ноќен тип на личност, а потоа решавале бизнис проблеми и одговарале на аналитички прашања. Резултатите покажале дека утринските личнсти подобро решаваат проблеми навечер, додека тие што повеќе ја сакаат ноќта подобро решаваат проблеми наутро. Со други зборови, со порастот на поспаноста расте и нивната креативност.
Според научниците, кога ќе почнете да се чувствувате уморно, мозокот потешко ги филтрира дистракциите и се фокусира, што значи дека тогаш можете да размислувате за неповрзани информации и потенцијално резултатите да ги интерпретирате на друг начин.
Резултатите од истражувањето, исто така, покажуваат и дека не постои точно одредено време кога сме најкреативни, туку тоа повеќе зависи од рутината на секој поединец. Пожелно е да се препознат моментот кога луѓето се чувствуваат уморно или енергично за да се координира нивната работа и да се извлече максимумот од секој поединец. Постои можност на секој член на тимот да му се дозволи да работи кога има помалку енергија наместо да се форсираат да работат кога сите други се активни, особено затоа што денес вработените ја ценат својата автономија и и флексибилноста на работното место.
Додека ова истражување се базира на пошироката слика за животт на секој поединец, не треба да се заборави ultradian ритамот. Тој ритам е присутен за време на спиењето, но и при целосна будност кога мозокот поминува низ наизменични периоди на висока и ниска фреквенција на активност на секои 90 минути. Значи, ако имате задача со креативни и аналитички елементи, оставете го креативниот дел за крај, кога мозокот природно се префрла во фаза на одмор затоа што се очекува дека тогаш побрзо ќе дојде до креативно решавање на проблемот.