Вашата среќа нема никаква врска со бројот на работни саати неделно

- Advertisement -

Споредувајќи ја статистиката од земјите во светот, може да се забележи дека најсреќните луѓе не се тие кои имаат најмногу слободно време. Долго време се мислеше дека помалиот број работни саати неделно се некоја магична пилула за среќа. За ова се потврда податоците од Организацијата за економска соработка и развој и Светскиот извештај за среќа 2018.

Земјата со најголем коефициент на среќа, Финска, има вработени кои работат повеќе од 36 часа неделно. Кога ќе ги споредиме податоците од различни земји за бројот на работни часа неделно доаѓаме до интересни заклучоци. На пример, просечниот број работни саати во САД е 34, а на листата на извештајот за среќата се на 18. место. Додека, луѓето во Швајцарија и во Германија исто така работат по 34 часа, но се наоѓаат на петто, односно на 15. место.

- Advertisement -

Во земјата со најголем коефициент на среќа, Финска, вработените работат по 36 часа, исто колку и Италијанците, но Италија се наоѓа дури на 47. место на извештајот за среќа. Турција и Колумбија се наоѓаат на 74., односно на 37. место, а нивниот број на работни саати неделно е 48. Земјата со најнизок број на работни саати (29), Холандија, е позиционирана на 6. место во извештајот.

Со оглед на наведените податоци, јасно е дека има многу мала корелација меѓу работните саати и вкупното ниво на среќата. Светскиот извештај на среќата истакнува шест елементи кои се битни за добросостојбата и задоволството, а тоа се: приходот, здравиот животен век, слобофдата, довербата, великодушноста и општествената поддршка. Оттука, не станува збор ни за тоа колку работите, туку зошто и како. Можете да бидете незадоволни иако работите само 20 часа неделно, но и да уживате иако работите и по 80 часа ако работите во добра средина.

Сподели!
- Advertisement -