Хлорна батерија има 6 пати поголем капацитет од литиум-јонската

- Advertisement -

Научници од Универзитетот Стенфорд кои експериментираат со стара архитектура на батерии за еднократна употреба развија нова верзија на батерија која не само што може да се полни, туку нуди околу 6 пати поголем капацитет од денешните литиум-јонски батерии. Откритието се базира на стабилизацијата на реакцијата на хлорот во уредот, а во иднина би можело да биде основа за батерии со високи перформанси за паметните телефони.

Новата батерија ја опишуваат како батерија со алкални метали и хлор, а се базира на хемија која прв пат се појави во 1970-тите години под називот литиум-јонски хлорид. Овие батерии се високо ценети поради големата густина на енергија, но се базираат на високо реактивен хлор, поради што се несоодветни за што било друго освен за еднократна употреба.

- Advertisement -

Во обичните батерии со полнење, електроните патуваат од една на друга страна во текот на празнењето, а потоа се враќаат во својот оригинален облик додека се полни батеријата. Во овој случај натриум хлоридот или литиум хлоридот се претвора во хлор, кој е премного реактивен за да се врати во хлорид со голема ефикасност.

Авторите на новата студија веруваат дека смислиле решение за тој проблем. Тимот експериментирал со натриум хлорид и хлор за да се обидат да ги подобрат перформансите на батериите, но откриле дека хемикалијата се стабилизирала, што на батеријата и овозможило одреден степен на повторно полнење. Дополнителните истражувања му помогнале на тимот да развие нов материјал за електроди направен од порозен јаглерод кој делува како сунѓер, впивајќи ги нестабилните молекули, безбедно складирајќи ги за претворање назад во натриум.

- Advertisement -

„Молекулата на хлор е заробена и заштитена во мали пори на јаглеродните наносфери кога батеријата ќе се наполни. Потоа можеме да ја испразниме батеријата и да го претвориме хлорот во натриум хлорид или кујнска сол и да ја повториме постапката во текот на многу циклуси. Моментално тоа можеме да го повториме 200 циклуси, но уште има простор за подобрување“ вели Гуанжу Жу, еден од водечките автори на студијата. За споредба, литиум-јонската батерија моментално го задржува полниот капацитет од 500 до 1.000 циклуси.

Целата студија е објавена во списанието Nature.

- Advertisement -

(Vidi.hr)

(фото: Pikist)

Сподели!
- Advertisement -