6.5 C
Skopje
четврток, декември 12, 2019

Во Јапонија владее нов маркетинг тренд – пазувите и бутините се користат како рекламни паноа

Kabtel desktop

По егизибициите со рекламите на телата на луѓето на Запад, како и екстремните примери на поединци кои си тетовирале имиња на компании за да остварат брза заработка, овој вид промоција стана најприсутен во Јапонија, каде што како огласни простори се изнајмуваат речиси сите делови од телото, а најпопуларни се женските бутини.

Иновациите со човечкото тело во Земјата на изгрејсонцето не се само личен избор во сфаќањето на модата, туку претставуваат и најнов тренд во тамошната рекламна индустрија. Имено, Јапонците ги рекламираат своите бизниси на човечкото тело, но не во форма на подвижни паноа како некогаш во САД тууку со лепење на промотивни пораки на помалки, но многу видливи места. Покрај бутините, на друго место каде што се лепат се пазувите, кои и тоа како се воочливи во летните месеци кај патниците во градскиот превоз.

Но, сошто да се плаќа за реклама на нечии пазуви наместо на ѕид од тунел низ кој поминува метро. Затоа што луѓето веќе не реагираат на традиционални реклами и ги игнорираат кога се наоѓаат на вообичаени места за промоција, велат од Wakino Ad Company, маркетинг кмпанија чие име во превод значи „Компанија за огласување под пазуви“. Тие објаснуваат дека човечкиот мозок главно ги блокира несаканите содржини како рекламите, но не може да одолее на необични и неочекувани слики како што е шарената налепница под пазувите на некој кој стои пред нас во автобус.

Оваа јапонска компанија е релативно нова на пазарот на рекламирање на телото, но веќе привлече големо внимание. Тие пронаоѓаат млади привлечни девојки кои ги поврзуваат со нарачателите на реклами и кога ќе се склучи договорот, нивна задача е да се движат со градски превоз и на сите да им ја покажуваат рекламата. Први огласувачи кај компанијата беа козметичките компании со производи за отстранување на влакната под пазувите. Wakino се обидува да придобие и други клиенти, да ја прошири понудата и на машки модели. Редовно одржуваат кастинзи за негувани пазуви, а луѓето што ќе ги изберат добиваат шанса да изнајмат дел од телото за реклама која се плаќа 90 долари од час.

Експертите за рекламирање на тело мудро советуваат дека привлечните пазуви и генералниот изглед не се доволни за успешна промоција туку треба да се оспособат моделите да можат да одговараат и на прашања за брендот што го рекламираат. Рекламирањето на тело во Јапонија навистина зема замав и најпопуларен дел од телото што се изнајмува се бутините на младите Јапонки. Критериум за да се занимаваат со оваа работа е да се полнолетни, да имаат убави нозе и да носат што пократка облека за „рекламниот простор“ да биде што повоочлив.

Сподели!
  •  
  •  

НАЈПОПУЛАРНИ

Сподели!
  •  
  •