Иванка Трамп може да дојде на чело на Светска банка?!

- Advertisement -

Ќерката на американскиот претседател, Доналд Трамп, е една од кандидатките за претседате на Светска банка. Како што пренесува Business Insider, таа би можела да го замени претседателот на Светска банка во заминување д-р Џим Конг Ким.

Напуштањето на Ким на банката дојде како изненадување за сите таму. Администрацијата на Трамп претходно беше внимателна и дури и непријателски настроена кон западните меѓународни институции како што е Светска банка. Овој пат тие добија задача да дадат препорака до Управниот одбор на банката.

- Advertisement -

Другите можни американски кандидати за на чело на Светска банка се потсекретарот на Трезорот за меѓународни работи, Дејвид Малпас, директорот на USAID, Марк Грин и бившата амбасадорка на Обединетите нации, Ники Хејли. За разлика од некои други предложени кандидати, Иванка нема искуство од економијата на меѓународната трговија, но е бизнисмен.

Пред доаѓањето во Белата куќа, каде што сега работи како советник, работеше како потпретседател за аквизиции во организацијата на Трамп. Иванка имаше и сопствена модна линија, која ја затвори минатото лето. Доналд Трамп претходно навестуваше дека Иванка би можела да биде замена за американската амбасадорка во заминување во Обединетите нации, Ники Хејли, меѓутоа на тоа место беше именувана портпаролката на Стејт департментот, Хедер Хуарт.

- Advertisement -

Светската банка има седиште во Вашингтон, а е основана после Втората светска војна со цел да финансира проекти за економски развој во економиите во развој.

Сподели!
- Advertisement -